Известување

Известувањe за распоред

                                 ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани родители и ученици, според насоките на МОН и уредбата со законска сила за примена на законот за основно образование за време на вонредна состојба (службен весник бр.76 од 24.03.2020) наставниците од ООУ.Манчу Матак-Кривогаштани, спроведуваат учење од далечина преку: канали за комуникација, социјалните мрежи, линкови до соодветни страни и портали, видео лекции, ТВ-училница и слично, а посочени од вашите наставници. Распоредот на одвивање на наставата е според официјалниот распоред на паралелките кој е објавен на веб страната на следниот линк https://mancumatak.edu.mk/wp-content/uploads/2019/12/Raspored-na-casovi-2019-2020.pdf

и започнува со поставување на материјалите најдоцна до 12.00 часот во денот. Наставата за далечинско учење се спроведува според официјални планови и програми објавени на страната на БРО, прилагодени на овој тип на настава. Наставата опфаќа двонасочна електронска комуникација при што наставниците го следат напредокот на учениците преку извршување на зададените задачи.

 

 

 

В.Д. Директор

Даниела Мицеска

No comments yet! You be the first to comment.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *