Препораки за родители на нашите првачиња
Препораки за родителите на нашите првачиња
Почитувани родители, поаѓањето во училиште е еден од најважните случувања во животот на вашето дете, кое од сега ќе се соочи со поголеми обврски и ќе запознава нови луѓе ( возрасни и врсници) кои ќе завземат важно место во неговиот живот. Наша заедничка обврска, вие како родители ние како наставници, е да му овозможиме на детето соодветен развој, стварање позитивна слика за себе и развој на неговите потенцијали.
Дали е вашето дете спремно за во училиште?
Подготвеноста на детето за училиште ја одредуваме според неговата хронолошка возраст, физичката, интелектуалната и социјалната зрелост. Исто така, вашето дете треба да биде спремно за да се одвои од вас во периодот додека е на училиште, да биде сконцентрирано и да го вложува својот максимум во извршувањето на активностите зададени од страна на наставникот, да ги почитува правилата кои ги имаме во нашето училиште, да пројавува интерес и да ги прифаќа нормините и вредностите кои ги развиваме во нашето училиште. Исто така, многу е важно родителот да не очекува од своето дете премногу, да ги прифати неговите можности, затоа што секое дете е различно на свој начин со свои интереси и потенцијали.
Kомисијата за упис на вашето дете во прво одделение, во заеднички разговор со вас ќе го процени развојот на детето, и за истото ќе добите насоки за тоа како полесно и поприфатливо вашето дете да се вкучи во образовниот процес
Како уште можите да му помогните на вашето дете полесно да го прифати поаѓањето во училиште?
Колку е вашето дете подготвено за поаѓање во прво одделение, во толкава мера ќе може да ги прифати обврските кои ќе ги има во училиште. Дали моментот на поаѓање во училиште ќе биде лесно прифатлив или тешко прифатлив зависи и од нас возрасните.
Голем број од децата се радуваат на моментот кога започуваат да одат во училиште. Тие тоа го гледаат како прилика за докажување и истакнување на нивните можности, дружење со старите другарчиња но и запознавање со нови. Но стравовите се секогаш очекувани и природни.
Како би му помогнале на вашето дете да се соочи со новата ситуација:
- Разговарајте со нив за очекувањата во училиштето, за наставниците и новите пријатели и објаснете му што се очекува од нив во прво одделение,
- Во текот на летото почесто прошетајте го детето до училиштето, при што обрнете внимание на однесувањето на улица и преминувањето преку улица,
- Заедно со детето уредете го неговото работно катче. Објаснете му на детето дека тоа ќе треба да се грижи за школскиот прибор.
- Навикнувајте го детето на правилен ритам на денот.
- Поттикнете го детето на игра и дружење со другите деца,
- Поттикнете го детето на редовно одржување на лична хигиена, самостојно облекување и самостојно хранење.
Од сега па натаму вашето дете е наша заедничка грижа. Затоа доколку имате било какви прашања и доколку ви треба било каква помош ве молиме да ни се обратите.