Uncategorized

Детска недела 2018-2019

ООУ„Манчу Матак“ реализираше активности за одбележување на неделата на детето, а беа организирани од страна на неколку настаници – ентузијасти: Ленче Сркески, Лилјана Стојкоска и Елена Белеска, секко во соработка и со останатите вработени во училиштето.

Во текот на оваа недела на првачињата во Кривогаштани во присуство на нивните родители им беа доделени ученичките легитимации, дел од учениците од III одд ги поздравија со читање на лични творби, а дел од учениците од IX одд ги запознаа со детските права кои потоа заедно со првачињата и нивните родители ги поставија на дрвото на детски права кое извесен период ќе ја краси нивната училница. Останатите ученици од училиштето ги поставија своите желби на пано со детски желби.
По повод Неделата на детето беа посетени и подрачните училишта во кои учат првачиња, а учениците од III одделение цртаа на темите: другарство и моето училиште!
Голем број активности се реализираа и наредните денови во кои ќе имаше спортски натпревари во фудбал и одбојка меѓу ученици, родители и наставници (во петок со почеток во 11.30ч во спортската сала во училиштето) на кој беа поканети сите родители како учесници – доколку сакаат или како гледачи; ликовната секција црташе за детските права на асфалтот во училишниот двор со креди во боја,
Дел од учениците ја посетатија Детската амбасада за сите деца во светот во Прилеп и таму учествуваа во нивните активности.
Учениците од II, III и IV одделение цртаа на тема „Би сакал/а да учам во вакво училиште“ кои потоа ги презентираа цртежите пред Градоначалникот на општина Кривогаштани, а тој им вети дека дел од нивните желби и ќе се исполнат во наредниот период.
Во текот на цела недела се изведе и хуманитарна акција за донирање на детски прибор „Од деца за деца“ за децата на кои им е потребна дополнителна поддршка.

No comments yet! You be the first to comment.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *