Детска недела 2019-2020
Како и секоја година и оваа година со многубројни активности ја одбележавме ДЕТСКАТА НЕДЕЛА која траеше од 7 до 10 октомври. Нашите ученици од 1 до 9 одделение беа вклучени во следните активности:
-сите ученици учествуваа во изработка на пано со детски желби;
-учениците од IX одделение ги запознаа првачињата со детските права и заеднички ги поставија на дрвото на детски права кое е поставено во нивната училница ;
– дел од учениците од V и VII одделение ја посетија Детската амбасада за сите деца во светот од Прилеп;
-дел од учениците од VI, VII, VIII и IX одделение учествуваа во спортските активности возење на ролери и велосипеди;
-учениците од IV одделение изработија цртежи на тема ,,Имаме право на среќно детство!” и истите му ги поклонија на Градоначалникот за време на нивната посета во неговата канцеларија во општина Кривогаштани;
-учениците од VII одделение во училишниот двор цртаа на тема ,, Имаме право на среќно детство!”-членовите на литературната секција пишуваа и читаа лични творби на тема ,,Имаме право на среќно детство!”
-учениците од VI, VIII и IX одделение изработија ликовни творби.