Најголемиот час на светот“ 29.10.2019 година
Денеска, во ООУ „Манчу Матак“ се одржа активност во рамките на манифестацијата „Најголемиот час на светот“ на кој учествуваа ученици на различна возраст од 11-14 год. На учениците им се појасни Конвенцијата за правата на децата и неколку члена од истата. Учениците учествуваа со свои примери, идеи размислувања и ставови за детските права. Оваа активност ќе резултира со нивно креативно изразување на тема „Детство од иднината“ преку литературни или сликарски дела според нивна сопствена замисла кои ќе се испратат на објавениот конкурс. Исто така, учениците се обврзаа да размислат за активности кои би ги презеле на 20 ноември кога е Светски ден на детето (и годишнина од Конвенцијата за правото на детето) во рамките на акцијата „Децата преземаат“ со што би се подигнала свеста за најгорчливите прашања со кои се соочуваат децата.
Ова е манифестација на детските права и начин да се покаже дека секое дете има право да биде слушнато, да учествува и да игра улога во граѓанскиот живот на своето општество.